• вторник, 24 декември 2024

Одредени националните претставници кои ќе се натпреваруваат на светските Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional натпревари во САД

Одредени националните претставници кои ќе се натпреваруваат на светските Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional натпревари во САД

Скопје, 26 јуни 2024

Успешната приказна која ни носи национални MOS и ACP шампиони, продолжува осма година по ред, вклучувајќи стотици амбициозни средношколци кои се натпреваруваат во примена на најпопуларните софтвери, Microsoft и Adobe. На 25.06.2024 во просториите на Семос Едукација, во организација на CertiAdria, се одржа финалето од проектот за унапредување на дигиталната писменост на средношколците и младите на возраст од 13 до 22 години. Ги добивме националните шампиони кои ќе ја претставуваат нашата земја на светските натпревари Microsoft Office Specialist (MOS) и Adobe Certified Professional (АCP) во Анахејм, Калифорнија, САД.

Натпреварувачите, имаа можност да ги покажат своето знаење и вештини на:

• Националниот натпревар Microsoft Office Specialist (МOS) каде што ги покажаа своите вештини за Microsoft Office апликациите, поточно за: Microsoft Word, Excel® и PowerPoint;

• Националниот натпревар Adobe Certified Professional (ACP) кој ги тестира вештините на учесниците во Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign.

Учесниците кои успешно ги положија испитите се стекнаа со глобално признаени Microsoft и Adobe сертификати. На прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите присуствуваше градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска која ги инспирираше и охрабри финалистите да продолжат да учат и да бидат наша гордост.

Свое обраќање имаа и г-ѓа Татјана Калајџиева, Сениор директор за продажба и мрежа на филијали во во Стопанска Банка, г-дин Марко Серафимовски, Директор на CertiAdria и г-ѓа Валентина Тасева, Генерален директор на Семос Едукација кои го своите инспиративни говори ги мотивираа младите финалисти да продолжат во истата насока кон успехот и новите технологии кои ќе им донесат светла иднина.

Рангирани според највисоките резултати, се натпреваруваа 15 учесници, а во продолжение следуваат победниците:

· Најдобриот натпреварувач кој што ќе ја претставува нашата држава на светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist е Сердар Цветков од СЕТУГС „Михајло Пупин“ - Скопје.

· Најдобриот натпреварувач кој што ќе ја претставува нашата држава на светскиот натпревар за Adobe Certified Professional е Лука Зотовиќ од СУГС Гимназија Јосип Броз Тито-Скопје.

Нашите национални шампиони во јули ќе патуваат во Анахејм, Калифорнија, САД на светските натпревари каде што ќе ја претставуваат нашата земја.

„Оваа година имаме најмногу финалисти кои испитите ги комплетираа со максимален број на поени – 1000, што е доказ дека вие сте најдобрите меѓу најдобрите! Бидете горди што стигнавте до финалето на националните Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional натпревари и што достојно го претставувате вашето училиште и вашата генерација, паралелно

со вашите врсници ширум светот. Горди сме што овие натпревари прераснаа во традиција и што активно придонесуваме кон креирање на дигитално писмени генерации и вештини кои ќе им ги отворат вратите на глобалниот пазар на трудот.

Сè поинтензивна е употребата на технологиите во секој сегмент од нашите животи, вештачката интелигенција е во подем во сите аспекти и на сите нас ни преостанува да работиме на усвојување и развивање на нови вештини, но уште поважно, да ги искористуваме технолошките потенцијали во насока на подобар живот за сите генерации. Мисијата на националните натпревари е позитивно да влијаат на дигиталните вештини на младите и да ја постават Македонија на мапата на земји со највисок процент на дигитална писменост и трансформација. Во годините наназад нашите натпреварувачи докажаа дека се доволно способни и вешти за да се квалификуваат на глобалниот натпревар и да застанат на пиедесталот, освојувајќи медали во конкуренција на повеќе од 100 земји и повеќе од 500 глобални финалисти. И во иднина, активно ќе продолжиме да работиме со учениците, нивните ментори но и нашите партнери и соработници Град Скопје, Стопанска Банка и Семос Едукација на подобрување на постоечките резултати и нови глобални успеси.

Им честитаме на овогодинешните победници Сердар Цветков и Лука Зотовиќ и им посакуваме да се вратат со медали од светските натпревари.“ – изјави Марко Серафимовски, директор на CertiAdria.

Ова е најмасовен натпревар во светот со повеќе од 1 милион положени испити годишно, кој се организира во повеќе од 100 земји во светот.

„ Огромно задоволство е да се биде во друштво на амбициозни млади сограѓани кои уште од средношколските клупи сакаат да покажат дека можат и дека знаат да се носат со глобалните трендови. Честитки на сите финалисти, вие сте најдобрите од вашите генерации и треба да се гордеете со постигнатото. Секако, честитки за победниците и за нивните ментори чијашто заложба е влог за подобра иднина. Стопанска банка оваа година одбележува 80 години од постоењето и една од активностите која ја негуваме овие 80 години е да создаваме подобро утре заедно, за сите, преку поддршка на младите, на науката, на уметностите и на тој начин да го надополнуваме чувството за ДОМА. Сите финалисти од Банката и оваа година добиваат 5.000денари како награда за постигнатиот успех..“ – изјави г-ѓа Татјана Калајџиева, Сениор директор за продажба и мрежа на филијали во во Стопанска Банка АД Скопје.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска им ги додели признанијата на победниците во двете категории и им честита за успехот како и на сите останати учесници кои покажаа висок степен на знаење и дигитални вештини со резултати на кои сме горди и кои континуирано резултираат со успеси и на меѓународно ниво. „Град Скопје континуирано ја поддржува организацијата и реализацијата на овој многу значаен настан од областа на унапредувањето на дигиталните вештини кај средношколците, со цел тие да ги надградат своите знаења, со што се профилираат во исклучителни професионалци.“ – изјавија од управата на Град Скопје.

Оваа голема можност на младите им ја пружаат верните поддржувачи на натпреварите кои веќе со години се дел од овој проект. Овој проект им овозможува на учениците бесплатно да ги полагаат испитите и да се стекнат со меѓународни и глобално признати сертификати, што им го отвара патот за нивен понатамошен развој како во академската така и во професионалната кариера. Поддржувачите исто така ги покриваат патувањето и престојот на националните шампиони на светските натпревари во САД.

Стопанска Банка, Град Скопје, Општина Куманово и Семос Едукација ја поддржуваат и активно ја промовираат дигиталната писменост кај младите генерации и овозможуваат знаењето на најталентираните ученици да стигне до светските шампионати.

Веќе од следниот месец, започнуваат тестирањата за следниот циклус на националните MOS/ACA натпревари 2024/25. Од Certiadria ги повикуваат сите заинтересирани млади лица на возраст од 13-22 години да работат на развој на своите дигитални вештини, да се пријават на овој натпревар и да добијат можност да ја претставуваат нашата земја на глобалните МOS и ACP натпревари. Пријавувањето се врши на сајтовите https://mosnatprevar.mk/ и https://acanatprevar.mk/#natprevar

СЕМОС

______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СЕМОС

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан