• четврток, 26 декември 2024

Одобрена постапката за собирање потписи за „Европската иницијатива за канабис“ 

Одобрена постапката за собирање потписи за „Европската иницијатива за канабис“ 

Брисел, 6 февруари 2024 (МИА) – Европската комисија на своето денешно заседание делумно ја регистрираше европската граѓанска иницијатива насловена „Европска иницијатива за канабис“, информира потпретседателката на ЕК и еврокомесарка за демократија и демографија Дубравка Шуица.  

- Во оваа фаза Европската комисија не ја анализираше суштината на предлогот, туку денешната одлука значи дека иницијаторите може да почнат до собираат еден милион потписи, колку што е потребно за нејзино поднесување, додаде Шуица на прес-конференција по денешното заседание на Колеџот на комесари. 

Според Шуица, доколку предлагачите на иницијативата ги соберат неопходниот број потписи и ги достават до Комисијата, тогаш таа ќе одлучува по неа.  

Поднесувачите на иницијативата предлагаат свикување на „Трансевропско собрание на граѓани“ за политиките за канабис поврзани со санкциите и доследноста во земјите членки на ЕУ, потоа поттикнување на пристапот до медицински канабис и дозволување на транспорт на канабис и неговите деривати за терапевтски цели „за да се обезбеди целосно уживање на правото на здравје“, како и обезбедување на „потребните ресурси“ за истражување на терапевтски цели на канабисот. 

Еврокомисијата заклучи дека иницијативата може да се регистрира само во однос на вториот и третиот предлог, бидејќи само тие ги исполнуваат условите за регистрација. Во однос на првиот предлог, ЕК оцени дека таа „нема овластувања да поднесе предлог за правен акт по ова прашање“. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Комисијата посочува дека одлуката за регистрирање на иницијативата е од правна природа и не ги прејудицира нејзините конечни правни и политички заклучоци и дејствијата што би ги презела доколку иницијативата ја добие потребната поддршка. 

Здружението „Макканабис“ денеска преку соопштение изразува длабоко разочарување од ставот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со кој на вчерашната 33. седница на собраниската Комисија за здравство г

Иницијаторите сега имаат рок од шест месеци да почнат да собираат потписи и ако за една година успеат да соберат еден милион изјави за поддршка од граѓани на најмалку седум различни земји членки на ЕУ, Европската комисијата ќе мора да се изјасни по иницијативата. 

Инструментот „Европска граѓанска иницијатива“ е воведен со Лисабонскиот договор, како алатка која им овозможува на граѓаните директно да поднесуваат предлози до Европската комисија. Предлозите може да се однесуваат за прашања кои „очигледно не спаѓаат во рамките на овластувањата на Комисијата за поднесување предлог за правен акт“, потоа „не се очигледно навредливи, несериозни или вознемирувачки“ и „не се очигледно спротивно на вредностите на Унијата“. 

Од почетокот на воведувањето на инструментот „Европска граѓанска иницијатива“, па досега, Европската комисија регистрираше 110 предлог-иницијативи. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан