• среда, 25 декември 2024

Одобрена втората фаза од проектот за рамномерен регионален развој, вредна шест милиони швајцарски франци

Одобрена втората фаза од проектот за рамномерен регионален развој, вредна шест милиони швајцарски франци
Скопје, 26 март 2021 (МИА) - Министрите во Владата во рамки на 58-та седница ја усвоија информацијата за имплементација на втората фаза од проектот за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој што се реализира со поддршка од Владата на Швајцарија. Министерството за локална самоуправа, информираат од владината прес-служба, е задолжено да предвиди средства од својот буџет за кофинансирање кое во наредните три години од 2022 до 2024 година е предвидено да изнесува два милиони швајцарски франци како дополнување на четирите милиони швајцарски франци за кои Амбасадата на Швајцарија испратила писмо со намери за реализација на оваа фаза од проектот. бак/aa/

Остани поврзан