• среда, 25 декември 2024

Однесувањето на играчите на и надвор од теренот ќе биде клучно за завршување на сезоната, убеден е првиот човек на медицинската комисија на УЕФА

Однесувањето на играчите на и надвор од теренот ќе биде клучно за завршување на сезоната, убеден е првиот човек на медицинската комисија на УЕФА
Берлин, 10 мај 2020 (МИА) - Однесувањето и почитувањето на строгата дисциплина од страна на секој играч ќе биде клучно за завршување на сезоната 2019/20. Ова го изјави Тим Мејер, шеф на медицинската комисија во УЕФА и претседател на седиштето за борба против коронавирусот во германската Бундеслига. Точно германскиот шампионат ќе биде првиот од ТОП 5 лигитие во Европа, кој ќе ги продолжи своите натпревари следната недела, а надежите на сите во УЕФА се дека ова ќе доведе до крајот на сезоната 2019/20 пред августовските финалиња во Лига Европа и Лигата на шампиони. - Фудбалот мора да му го врати на општеството она што го жртвува за тоа. Ова значи дека сите играчи ќе треба да дадат се од себе и да вложат вонреден напор за одржување на дисциплината“, изјави Мејер за Ројтерс. Фудбалерите мора да бидат одговорни и да внимаваат на вирусот. Тие се јавни личности и мора да покажат соодветно однесување и на терен и во моментот кога ќе го напуштат и ќе станат обични граѓани како сите нас повторно, додаде тој. Јас сум свесен дека нема работа што може да обезбеди 100% безбедност, особено во тековната ситуација. Но, особено во Германија се обидовме да се приближиме што е можно поблизу. Точно е дека постои ризик. Не постои начин да се отстрани целосно. Но, ние направивме доволно за да, доколку се применат горенаведените препораки, ќе биде практично невозможно да се заразат играчите, нагласи Мејер. зс/

Остани поврзан