• среда, 18 декември 2024

Одлуката за уште една плата за вработените кои работеа на процесот на промена на личните документи поминала на владина седница

Одлуката за уште една плата за вработените кои работеа на процесот на промена на личните документи поминала на владина седница

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) -  Вработените во управните служби на МВР кои работеа на процесот на промена на личните документи на граѓаните утре ќе добијат уште една плата. Оваа одлука поминала на денешната владина седница, соопшти МВР. 

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи во техничката Влада, Митко Бојмацалиев на денешната прес - конференција во Владата изрази благодарност до вработените во МВР кои изминатиот период беа ангажирани во управните служби да работат на промената на личните документи на граѓаните.

-Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите колеги кои работата во управните служби изминатиот период кои работат во смени, за викенди и на празници, кои дадоа свој личен придонес за промена на патните исправи, на лични документи и сите останати документи кои граѓаните требаше да ги променат од Република Македонија со новото име Република Северна Македонија. Воедно, ги информирам дека утре на своите сметки ќе добијат по една плата во висина од последната исплатена плата која ја имале од МВР, акт кој исто така е потпишан од мене и од министерот, рече Бојмацалиев. дма/бак/

Фото: Влада на РСМ

Остани поврзан