• недела, 29 декември 2024

Одлуката за враќање на работа од 1 јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Одлуката за враќање на работа од 1 јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години
Скопје, 27 мај 2020 (МИА) - Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од 1 јуни не важи за хронично болните и за родителите кои имаат деца на возраст до 10 години, или деца на претшколска возраст. Според одлуката на Владата, од 1 јуни годинава престануваат да важат заклучоците со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон градот Скопје, организирање на работниот процес со ротации и другите слични мерки и препораки, соопшти владината прес-служба.
Оваа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа, дејствување и однесување на работно место кој се однесува на просторните услови, физичкото растојание во работните и другите простории, носењето лична заштитна опрема и слично.са/
 

Остани поврзан