Одложен стартот на сезоната во АБА-лигата
- Одлуката за одложување, која беше најавена порано, беше донесена на Собранието на АБА-лигата.
![Одложен стартот на сезоната во АБА-лигата](https://new.mia.mk/index.php/images/20221104155612_big_730x400_96.webp )
Загреб, 23 јули 2020 (МИА) - Почетокот на новата сезона во кошаркарската АБА лига е одложен за 3 октомври поради пандемијата на коронавирусот.
Одлуката за одложување, која беше најавена порано, беше донесена на Собранието на АБА-лигата.
Сезоната ќе започне на 3 октомври.
Сезоната требаше да започне на 19 септември, но истата беше одложена поради неповолната епидемиолошка состојба во регионот.