• петок, 27 декември 2024

Одложен самитот ЕУ - Кина поради коронавирусот

Одложен самитот ЕУ - Кина поради коронавирусот
Брисел, 12 март 2020 (МИА) - Самитот ЕУ - Кина кој е планиран за крајот на овој месец ќе биде одложен поради коронавирусот. Самитот се одржува секоја година и има за цел унапредување на стратешкото партнерство меѓу Унијата и Кина. Годинешниот самит требаше да се одржи на 30 и 31 март во Пекинг. Датумот во јавноста го соопштија дипломати на ЕУ, иако тој не бил официјално потврден од страна на кинеските официјални претставници. Дипломати на ЕУ велат дека самитот ЕУ - Кина не е откажан, туку одложен. Кинеското Министерство за надворешни работи нема дадено коментар по повод одложувањето на форумот. гт/

Остани поврзан