• недела, 28 јули 2024

Одложен прошталниот меч на Вознијацки против Серена

Одложен прошталниот меч на Вознијацки против Серена
Копенхаген, 8 април 2020 (МИА) - Прошталниот натпревар на поранешниот прв рекет на светот Каролина Вознијацки, во кој требаше да игра со Серена Вилијамс, е одложен поради пандемијата на коронавирус и ќе се одржи кон крајот на годинава. Натпреварот во Копенхаген беше закажан за 18 мај, а сите билети беа продадени уште во декември. Вознијацки рече дека тие ќе останат валидни за новиот датум. За потсетување, данската тенисерка одлучи да ја заврши кариерата по Австралија опен. зс/  

Остани поврзан