• сабота, 23 ноември 2024

Одложен натпреварот меѓу Валенсија и Реал поради поплавите

Одложен натпреварот меѓу Валенсија и Реал поради поплавите

 

Мадрид, 31 октомври 2024 (МИА) – Натпреварот од 12. коло во Ла Лига меѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој требаше да се одигра в сабота, денеска официјално е одложен поради големите поплави во јужна Шпанија.

Сите натпревари во регионот на Валенсија исто така ќе бидат одложени, вклучително и дуелот помеѓу Виљареал и Рајо Ваљекано, објави попладнево Ла Лига.

Клубовите имаат рок до 5 ноември да изберат нови датуми за одигрување на одложените натпревари.

Од истата причина беа одложени и бројни спортски настани во регионот, вклучително и натпреварите од Копа дел Реј помеѓу Валенсија и Леванте.

Поплавите од кои беше зафатена шпанската провинција Валенсија предизвикаа смрт на повеќе од 90 луѓе, како и голема материјална штета. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан