• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Одложен натпреварот Виљареал – Еспањол поради опасност од поплави на стадионот

Одложен натпреварот Виљареал – Еспањол поради опасност од поплави на стадионот

Виљареал, 4 март 2025 (МИА) - Натпреварот од 26. коло на шпанската Ла Лига меѓу Виљареал и Еспањол не се одигра.

-Во согласност со безбедносните препораки, поради ризикот од поплави поради актуелните временски услови во провинцијата Кастелон, претставниците на натпреварувањето одлучија да го одложат денешниот натпревар помеѓу Виљареал и Еспањол, се вели во соопштението на тимот.

Натпреварот требаше да се одигра на стадионот на Виљареал „Де Ла Керамика“ вчеравечер во 21 часот. Обилни врнежи се забележани во провинцијата Кастелон.

Новиот датум за средбата ќе биде објавен дополнително. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан