• вторник, 24 декември 2024

Одложено судењето за „Шпански скали“ (КРГ)

Одложено судењето за „Шпански скали“ (КРГ)

Скопје, 13 мај 2024 (МИА) – Судењето за „Шпански скали“ се одложува по барање на бранител на четворица од обвинетите кој е спречен да присуствува на расправата.

Како што информираат од Основен кривичен суд Скопје, во договор со странките ќе бидат дадени нови термини за продолжување на главната расправа кои ќе бидат достапни преку календарот за судење на веб страната на судот

Во случајот „Шпански скали“ првично беа обвинети единаесет лица, а сега обвинението се води против шестмина.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра. ар/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан