• недела, 24 ноември 2024

Одложено рочиштето за „Плацеви на Водно”

Одложено рочиштето за „Плацеви на Водно”
Скопје, 19 јули 2021 (МИА) - Заради барање на одбраната за превод на доказите во случајот  на Јавното обвинителство доставени на англиски јазик, на македонски јазик, како и зафатеност на адвокатот поставен по службена должност во предметот означен од обвинителството како „ТНТ“, денешното судење за „Плацеви на Водно“ се одлага, соопштија од Основен кривичен суд Скопје. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова. Според обвинението за случајот „Плацеви на Водно“, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“. оџ/аа/  

Остани поврзан