• среда, 27 ноември 2024

Одложено продолжението на производство во „Дрекслмајер“во Кавадарци поради коронавирусот

Одложено продолжението на производство во „Дрекслмајер“во Кавадарци поради коронавирусот
Кавадарци, 3 април 2020 (МИА) - Одложено е продолжението на производство во германската фабрика „Дрекслмајер“ во Кавадарци, поради коронавирусот. Претходно, најголем дел од околу 5.000 работници беа пуштени на колективен платен годишен одмор, како превентива од Ковид-19. -Поради актуелната состојба со ширењето на коронавирусот, како и прекинатите нарачки од нашите клиенти, компанијата го одложи почетокот на производството. „Дрекслмајер“ ги испорачува во точна секвенца и определено време токму оние автомобилски компоненти што во одреден момент ги нарачуваат автомобилските производители. Доколку нема нарачки од клиентот, не се одвива производствениот процес и не се произведуваат залихи. Повторниот старт ќе зависи од развојот на ситуацијата со светската пандемија, но и од развојот во автомобилската индустрија, нагласуваат од фабриката за МИА. Оттаму појаснуваат дека периодот на мирување, компанијата го искористи да ги направи сите подготовки за евентуален старт на производството и во вакви специфични услови, со план и начин на работа што обезбедува максимална заштита на здравјето и безбедноста на вработените. - Со тоа веќе се создадени услови за можен почеток со работа. Веднаш штом нашите клиенти ќе започнат со нарачки на автомобилски делови, соодветно ќе ги рестартираме производствените капацитети, додаваат од фабриката во која работат работници од повеќе општини. свд/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан