• сабота, 27 јули 2024

Одложено враќањето на вселенското летало „Старлајнер“ на Земјата од МВС

Одложено враќањето на вселенското летало „Старлајнер“ на Земјата од МВС

Вашингтон, 22 јуни 2024 (МИА) - Враќањето на новото вселенско летало „Старлајнер“ на „Боинг“ на Земјата од Меѓународната вселенска станица (МВС) е одложено, соопшти НАСА.

НАСА не прецизираше нов датум, што покрена прашања за тоа кога ќе се врати мисијата со двајца астронаути поради дополнителните тестирања и технички проблеми кои предизвикаа повеќекратни одложувања.

Враќањето на Земјата претходно беше планирано за 26 јуни. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан