• сабота, 27 јули 2024

Одложено викенд колото во Премиерлигата

Одложено викенд колото во Премиерлигата
Лондон, 9 септември 2022 (МИА) – Премиерлигата и Фудбалската федерација на Англија (ФА) донесоа попладнево одлука да се одложат сите фудбалски натпревари закажани за овој викенд поради смртта на британската кралица Елизабета Втора, која почина вчера на 96-годишна возраст. Одлуката на фудбалското раководство уследи и покрај тоа што британската Влада објави дека двете тела немаат таква обврска. - Во знак на почитување на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора, натпреварите од Премиерлигата овој викенд ќе бидат одложени, вклучувајќи ги и натпреварите во понеделник вечер, се наведува во соопштението. Поради смртта на кралицата Елизабета Втора во Велика Британија претходно беа откажани и други спортски настани во рагби, крикет, голф и велосипедизам. ег/паг/

Остани поврзан