• среда, 25 декември 2024

Одложени преговорите за помирување меѓу Хамас и Фатах

Одложени преговорите за помирување меѓу Хамас и Фатах

Газа, 24 јуни 2024 (МИА) - Преговорите за помирување меѓу палестинските организации Хамас и Фатах, чие одржување беше најавено за јуни годинава во Кина, се одложени, а нов датум се уште не е одреден, потврдија денеска претставници на тие палестински фракции.

Високиот функционер на Хамас, Басем Наим, кој присуствуваше на претходниот состанок, за западни медиуми изјави дека средбата е одложена и се уште не е одреден нов датум, обвинувајќи ја Фатах за одложувањето.

Тројца функционери на Фатах го потврдија одложувањето на состанокот во јуни, наласувајќи дека нивното движење ќе издаде соопштение за тоа прашање. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан