Одложени два натпревара од 15. коло во ПМФЛ
- Поради лошата состојбата на терените во Струга и Кратово, одложени се денешните натпревари 15. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Струга ТЛ – Воска и Силекс – Вардар.
Скопје, 26 ноември 2023 (МИА) – Поради лошата состојбата на терените во Струга и Кратово, одложени се денешните натпревари 15. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Струга ТЛ – Воска и Силекс – Вардар.
Во другите три денешни натпревари од ПМФЛ се среќаваат:
Работнички – Гостивар
Шкупи – Македонија ЃП и
Тиквеш – Брера.
Трите се со почеток во 13 часот.
Вчера, Брегалница – Шкендија 2:2.
Вчерашните врнежи од дожд и снег и ниските температури се причината и за одложување на два натпревара во Втората лига. зс/
Фото: МИА