• четврток, 26 декември 2024

Одложена седницата на собраниската Комисија за економски прашања за законите за стратешки проекти во енергетиката

Одложена седницата на собраниската Комисија за економски прашања за законите за стратешки проекти во енергетиката

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) – Собраниската Комисија за економски прашања, на чиј дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти во енергетиката по скратена постапка, е одложена.

На календарот на собраниската веб страница, иако првично беше најавена, тргната е седницата на Комисијата за економски прашања на која како точки на дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти „Соларен парк Стипион“, Соларна електрична централа - Пехчево, АИМ ГРЕЕН ТЕЦХи  МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, сите по скратена постапка.

Во Собранието денеска, како што е најавено, седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за локална самоуправа, а две седници ќе одржи и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлогот на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, по скратена постапка, а Комисијата за локална самоуправа ќе ја проследи презентацијата на извештаите од оценката на спроведувањето на Законот за локалната самоуправа и Законот за Градот Скопје. аа/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан