• среда, 25 декември 2024

Одложена седницата на собраниската Комисија за европски прашања, ВМРО-ДПМНЕ побараа одржување јавна расправа за четирите од пакетот закони на МИОА 

Одложена седницата на собраниската Комисија за европски прашања, ВМРО-ДПМНЕ побараа одржување јавна расправа за четирите од пакетот закони на МИОА 

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Седницата на собраниската Комисија за европски прашања, на чиј дневен ред се четирите од пакетот закони подготвени од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), е презакажана за во 14 часот.

На дневен ред на оваа седница на Комисијата се Предлог на законот за административни службеници, Предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, Предлог на законот за вработените во јавниот сектор и Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, сите по скратена постапка.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција побараа итен прекин на оваа расправа и донесување на заклучок за одржување на јавна расправа во најбрз можен рок, на која, како што посочија, би биле присутни пратеници од опозицијата, претставници од синдикатите, професори, стручната фела и јавноста.

Почитувани,  Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија уште во текот на минатиот месец поднесе предлог закон за изменување и дополнување на законот за ДДВ, кој ќе

-Ова се важни закони за кои мора да има консензус и мора да се слушнат различни мислења и предлози. За таа цел, апелираме до власта да преовладее разумот и да ги прифати нашите барања и барањата на синдикатите бидејќи тоа е единствениот начин со кој ќе дојдеме до законски решенија кои нема да бидат штетни и ќе бидат во интерес на граѓаните. Во спротивно, доколку власта продолжи да ги игнорира овие барања, ќе сметаме дека на крајот од својот мандат, власта свесно сака да создаде дополнителен хаос и безредие во администрацијата и државната управа, како и да ја озакони својата намера за допартизација на и онака веќе партизираната администрација, истакна на прес-конференција пратеникот на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Според Стојаноски, овие закони власта и владејачко мнозинство сака да ги протне набрзина, без широка и јавна дебата и дискусија, притоа, како што потенцира, вршејќи груба злоупотреба на европско знаменце иако навистина нема никаква потреба за истото.

-Пред малку, токму за оваа злоупотреба и нетранспарентност на власта, преку свои соопштенија и писма реагираа и најголемите синдикати во државата, ССМ, УПОЗ и КСС каде јасно го искажаа својот револт и незадоволство преку конкретни забелешки, но и упатија барање за итно стопирање на целата постапка и одржување на јавна расправа за овие закони. Ова е огромна реформа, ова се важни и крупни закони кои не може и не смее да се носат на овој начин, вака набрзина и нетранспарентно особено во мандат на техничка Влада. Токму затоа, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како најголема и најбројна пратеничка група во Собранието, јавно упатува поддршка на синдикатите и се приклучува на нивните барања за итно запирање на целата постапка на носење на овие важни закони, рече Стојаноски. фф/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан