• сабота, 23 ноември 2024

Одземен пратеничкиот имунитет на Курц

Одземен пратеничкиот имунитет на Курц
Вашингтон, 17 ноември 2021 (МИА) - На шефот на пратеничкиот клуб на Народната партија на Австрија (ОВП), поранешниот премиер Себастијан Курц, од надлежната Комисија на австрискиот Парламент му беше одземен пратеничкиот имунитет. Сега единствено формално прашање е донесувањето на одлуката за укинување на пратеничкиот имунитет на поранешниот канцелар на собраниската седница в четврток. Укинување на имунитетот побара Обвинителството за економски криминал и корупција, кое води истрага против Курц поради проневера и поткуп. Обвинителството од петок ќе може да ја продолжи истрагата. По одлуката на собраниската комисија, Курц изрази задоволство, нагласувајќи дека сега може да работи на докажување дека тоа се погрешни обвинувања. ми/

Остани поврзан