• четврток, 26 декември 2024

Одземен имунитетот на пратениците од грчката партија Спартанци поради сомнение за можна изборна измама

Одземен имунитетот на пратениците од грчката партија Спартанци поради сомнение за можна изборна измама

Атина, 9 ноември 2023 (МИА) – Грчкиот Парламент, со 285 гласа „за“, едногласно одлучи да им биде одземен имунитетот на 11 пратеници од радикално десничарска партија Спартанци, со што Обвинителството доби зелено светло да спроведе истрага за евентуално кривично дело измама на гласачите на неодамнешните избори, јави дописничката на МИА од Атина. 

Пред две седмици, обвинителката од Врховниот суд на Грција преку документ до Парламентот побарала дозвола пратениците да бидат повикани да дадат објаснувања дали на парламентарните избори во јуни годинава имале поддршка и директно водство од осудениот поранешен пратеник на Златна зора Илиас Касидиарис, кој моментално е во затвор, иако официјално беа кандидирани како Спартанци.

Во документот на обвинителката пишуваше дека пратениците всушност биле избрани од Касидиарис, а не од претседателот на партијата Василиос Стигас и дека како вистински водач го имале осудениот, кој им давал насоки од затвор.

Токму затоа целата пратеничка група, со исклучок на претседателот, се под сомнение за можна изборна измама и за да дадат објаснувања пред Обвинителството, потребно беше да им биде одземен пратеничкиот имунитет.

На изборите во јуни партијата Спартанци освои 4,68 отсто од гласовите и доби 12 пратенички места. ср/ссм/

 

 

Остани поврзан