• четврток, 19 декември 2024

Одземени шест возила на територија на СВР Охрид поради сомнение за фалсификат, следуваат кривични пријави

Одземени шест возила на територија на СВР Охрид поради сомнение за фалсификат, следуваат кривични пријави

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) -  Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзеле шест возила поради сомнение за фалсификат. 

Како што соопшти МВР, по добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен суд Охрид, извршени се претреси на 19.10 2023 во три сервиси за возила на подрачје на СВР Охрид и при тоа се одземени шест возила, а извршени се и службени разговори со повеќе лица.

-Извршено е вештачење од страна на Одделот за форензички испитувања и по документирање на случаите од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, наведуваат од МВР. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан