• сабота, 06 декември 2025

Одермат победи на премиерниот спуст

Одермат победи на премиерниот спуст

 

Бивер Крик, 5 декември 2025 (МИА) – Швајцарецот Марко Одермат триумфираше на првиот спуст во новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање. Одермат со триумфот синоќа во Бивер Крик дојде до својата трета победа оваа сезона и вкупно 48. во кариерата.

Одермат ја мина патеката за една минута и 29:84 секунди, што беше за 30 стотинки побрзо од второпласираниот Американец Рајан Кокран-Зигл. Норвежанецот Адриан Смисет Сејерстед го освои третото место, со заостанување од 0,69 секунди.

„Двапати тука за влакно ја испуштав победата, па затоа сега сум многу среќен“, рече Одермат по својата петта спуст победа во кариерата.

Швајцарецот е водечки во Светскиот куп со 300 бодови, Австриецот Марко Шварц е втор (166), а Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е трет (158).

На програмата денеска е трката во супервелеслалом, додека велеслаломот е закажан за в недела.ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан