• среда, 25 декември 2024

Одговор на претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески до приватните превозници

Одговор на претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески до приватните превозници

Скопје, 6 ноември 2024

До Приватни превозници во град Скопје

Почитувани,

Во врска со вашето Барање испратено до Совет на Град Скопје на  5. ноември оваа година, со цел, како што наведувате „да се најде решение со кое ќе се подобри состојбата во јавниот градски превоз“, ве известуваме за следново:

1. Факт е дека вие имате важечки договори за вршење дејност, склучени со Град Скопје во мај  2022  година, откако сте биле избрани за вршители на дејност според определена процедура која ја спроведе Град Скопје.

2. Договорите се склучени на две години, што значи дека истекуваат во мај наредната  2025 година.

3. Во процедурата за учество на јавниот повик и самото склучување договор со Град Скопје сте ги знаеле и сте ги прифатиле понудените услови, права и обврски, вклучително и тарифата за изминат километар, на што треба да се придржувате сé до истекот на важноста на договорите за вршење дејност во областа на јавниот Градски превоз на територијата на Град Скопје.

4. Од сето претходно наведено може да се заклучи дека Совет на Град Скопје немал  и  нема надлежност околу условите  и вашите превземени обврски со договорите склучени со Град Скопје. Не е надлежност на Совет на Град Скопје ниту следење на извршување на меѓусебно  превземените  обврски  меѓу  Градот  и  приватните превозници.

5. За да расправа Совет на Град Скопје околу прашања од негова надлежност, а се поврзани со договорни обврски меѓу Градот и вас како привани субјекти, треба да има предлог од Градоначалник  на  Град  Скопје.

6. На крај, ве уверувам дека сите координатори на советнчките групи застапени во Советот  се  запознати  со  состојбите и со  вашите  барања и се  едногласни дека оној момент кога ќе добијат конкретен предлог од Градоначалник  за  промена  на  условите  во  договорите  склучени  меѓу  Градот и приватните превозници, предлогот ќе го стават на разгледување на првата  наредна  седница  на  Совет  на  Град Скопје.

(Испратено и до Градоначалник на Град Скопје г-ѓа Данела Арсовска )

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан