• среда, 27 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
21 мај 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 мај. Денеска е Св. апостол и евангелист Јован. Споменот на свети Јован Богослов се празнува во месец октомври. А на денешен ден, 21 мај (8. по стариот календар) уште од првите векови се празнува споменот на благодатните чуда што се случуваа на гробот на свети апостол Јован. Црковните песни што се пеат на денешен ден се составени во осмиот век од свети Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Еуген Мазенод. Бил роден во 1782 година, во Франција. Младоста ја поминал во прогонство во Торино, Венеција, Неапол и Палермо. Кога се вратил во Франција, во 1802 година се запишал на теолошки науки. Во 1811 година станал свештеник. Основал установа за христијанско воспитување на младите. Им помагал на сиромашните. Во 1837 година, бил избран за бискуп во Марсеј. Умрел во 1861 година. ###

Остани поврзан