• среда, 27 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
11 август 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 јули. Денеска е Св. маченик Калиник. Свети Калиник пострада маченички околу 250 година. Беше родум од Киликија и се беше оставил заради проповедта на Евангелието. Поради тоа и беше затворен во Анкира од некој кнез Сакердон. Овој го принудуваше да им се поклони на идолите заканувајќи се со тешки измачувања, а кога светиот ги презре сите негови зборови овој го стави на маки. Трпеливото поднесување на маките од страна на св. Калиник направи многумина да поверуваат во Христа. Кнезот потоа го стави во железни чевли со шајки во нив и го препрати во Гангрија за таму да го погубат се плашеше од неговото сведоштво пред народот. А во Гангрија свети Калиник беше фрлен во вжештена печка, во која и погина. А откако огнот згасна, го најдоа неговото тело цело. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Клара. Била родена во дванаесеттиот век. Со помош на свети Фрањо кој го основал фрањевачкиот (монашки ред), го основала редот на милосрдни сестри кои биле наречени Клариси и живееле во манастир каде се молеле. Кога сарацените го запоседнале Асиз, света Клара излегла пред нив држејќи во рацете сад во кој имало Свето причестување. Тие се откажале од освојувањето на Асиз. Света Клара умрела по 40 години живот во манастир во молитва и пост. ###

Остани поврзан