• среда, 25 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
3 април 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 март. Денеска е Преподобен Јаков Исповедник. Свети Јаков е исповедник на православната вера во времето на иконоборството. За него се знае многу малку: дека бил епископ, многу се подвизувал во пост и молитва, а пострадал веројатно во времето на императорот Константин Копроним. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Агапа и Хионија. Агапа и Хионија биле родени во Солун. Во 304 година, за време на прогонства на царот Диоклецијан биле измачувани поради тоа што верувале во Христос и бидејќи ги сокриле светите книги кои тој сакал да ги уништи. Со својот свет христијански живот покажале дека се верни наследнички на христијаните од Солун. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:07 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 4 часот и 32 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан