• среда, 25 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
23 февруари 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 февруари. Денеска е Св. свештеномаченик Харалампиј. Свети Харалампиј бил епископ на градот Магнезија, Тесалија. Мудар старец. Во текот на 113-те години од својот живот бестрашно го проповедал Христос сред-среде бесните прогони на христијаните. За Христа пострадал на крајот од вториот век, за време на владеењето на императорот Септимиј Север. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Поликарп. Во 100-та година од свети Иван, апостол тој бил назначен за бискуп во Смирна. Свети Поликарп бил запален на плоштадот во Смирна во 115-та година. Повикан од своите противници, за да се откаже од верата во Христос, Поликарп одговорил: "Осумдесет и шест години му служам на Христос и ништо лошо не ми направил. Како можам да се одрекнам од својот крал, кој на Крстот ме спаси". ###

Остани поврзан