• среда, 25 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
6 април 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 март. Денеска е Преподобен Захариј. Преподобен Захариј бил син на некој египќанец Карион. Кога овој отишол во манастир го земал со себе и својот син, бидејќи мајка му не можела да го издржува. Захариј не живеел долго, но за време на својот краток живот се здобил со големи благодатни дарови. Еднаш, кога го запрашале: Што значи да се биде монах, тој ја фрлил својата камилавка и ја изгазил, па рекол: Ако човек не се смири со срцето до таа мера, не може да биде монах. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Целестин Први. Во 422 година бил избран за папа. Третиот општ Собор во Ефес го осудил кривоверство на Нестор, а Марија свечено ја прогласил за Богородица. За одлуката на Соборот во Ефес бил заслужен папата Целестин. За тоа сведочи и триумфалниот лак во црквата Санта Марија Маџоре во која, во прекрасните мозаици е отсликана Марија како Мајка Божја. Папата Целестин стекнал големи заслуги во 431 година, бидејќи во Ирска го испратил опатот Паладиј за да го проповедува Евангелието. Папата Целестин умрел во 432 година. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:11 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 4 часот и 26 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан