• сабота, 27 јули 2024

Од верските календари

Од верските календари
6 март 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 февруари. Денеска е Преподобен Тимотеј и св. Евстатиј Антиохиски. Преподобен Тимотеј живеел во осмиот век. Се подвизувал како монах во манастирот Символи, на планината Олимп во Мала Азија (таа ни е позната и како место на монашкиот подвиг на св. Методиј Солунски). Денес се слави и св. Евстатиј, кој на почетокот на четвртиот век бил епископ на Антиохија. Учествувал на Првиот вселенски собор (325 г.), штитејќи го православното учење. Кога после смртта на Константин Велики цар на источниот дел на империјата станал неговиот син Констанциј, за православните епископи настапиле тешки времиња. Евстатиј, како и многу други, бил свргнат од катедрата и испратен во заточенишво, во Тракија. Неговиот плоден живот завршува во 360 година, во Филипи. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Колета. Била родена во 1381 година. Нејзиното вистинско име било Николета. Во 1406 година стапила во манастирот на припадниците на света Клара и станала милосрдна сестра. По цели денови и недели била во необичен молитвен и мистичен занес. Се одликувала со харизма на пророштво и чудесии. Колета умрела во 1447 година во фламанскиот град Гент. ###

Остани поврзан