• вторник, 19 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
5 март 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 февруари. Денеска е Св. Лав Катански. Свети Лав живеел во деветтиот и десеттиот век. Родум бил италијанец од Равена. Родителите му биле видни и побожни луѓе и во младоста му овозможиле да стекне добро образование. Свети Лав многу се подвизувал во милостињата. Како епископ на сицилискиот град Катана се грижел за сите бедни, бездомници, сираци. Заради неговите големи добродетели Бог му дал дар да чудотвори. Се упокоил во длабока старост и бил погребан во црквата на свети Лукија. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Иван Јосип од Крст. Бил роден во 1654 година на островот Исехија во Италија. На 15-годишна возраст одлучил да стапи во редот на фрањевците. Во 1677 година бил назначен за свештеник. Господ го надарил со многу харизми. Му се обраќале некои светци, а меѓу нив и учениот Алфонз Лигуори. Биографите на Свети Иван ги набројувале неговите харизматски дарби: прорекнување на иднината и многу чудесии. Најголемо чудо било воскреснувањето на маркизот Јануариј Спада. Иван Јосип умрел во 1734 година. ###  

Остани поврзан