Од верските календари
- 27 јануари 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јануари. Денеска е Св. рамноапостолна Нина Грузиска и св. Сава.
27 јануари 2022 (МИА)
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јануари.
Денеска е Св. рамноапостолна Нина Грузиска и св. Сава.
Света Нина потекнува од благородничко кападокиско семејство. Од мала била воспитана во Христовиот дух. Подоцна отишла во Грузија, го покрстила грузиското царско семејство и до крајот на животот (335 г.) ја обиколила цела Грузија, проповедајќи го Христос. Света Нина е просветителка на Грузија. Има слично значење како свети Кирил и Методиј словенските народи. Денес се слави и свети Сава, првиот српски архиепископ. Бил син на великиот жупан Стефан Немања. Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон. Свети Сава се упокоил во 1236 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Анџела Мерици.
Била родена во 1474 година, во Десанзан. Во скромно селско семејство, како млада девојка, нејзините современици ја оцениле како многу мудра и подготвена да им помогне на сите. Големите очекувања ги оправдала со основањето на Друштво на сестри на света Уршула, институции за воспитување и верско поучување на млади свети девојки, напуштени од своите родители. Св. Анџела Мерици била наречена претходница на современите педагози. Умрела во 1540 година. И се молат жените за воспитување на нивните деца.
###