• недела, 01 септември 2024

Од верските календари

Од верските календари
3 април 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 март. Денеска е Преподобен Јаков Исповедник. Свети Јаков е исповедник на православната вера во времето на иконоборството. За него се знае многу малку: дека бил епископ, многу се подвизувал во пост и молитва, а пострадал веројатно во времето на императорот Константин Копроним. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Велика Сабота. По ноќната света Миса, т.е. свечената литургијата по повод Велигден време е за радост која трае педесет денови т.е. до празникот Духови. Во библиските записи кои денеска ќе се читаат на свечената света Миса, верниците ќе се припомнат на сите Божји добродетелства низ човечката историја, како и на еден од најголемите Негови добродетелства, дека починал за нашите гревови и по три денови славно воскреснал. ###

Остани поврзан