• среда, 27 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
28 јануари 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 јануари. Денеска е Преподобен Гаврил Лесновски. Тој бил родум од Македонија, Словен по потекло, од село Осиче, паланечко. Живеел во 11 век. Свети Гаврил бил монах пустиножител. Се подвизувал 30 години во Лесновската планина близу Кратово, откако претходно изградил црква и основал манастир. Во манастирот се вратил пред својата смрт. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Тома Аквински. Бил роден во 1225 година во дворецот Аквино, во јужна Италија. Се одлучил за доминиканскиот ред, но неговите родители се спротивставиле на неговата одлука. Храбро ги совладал сите препреки и станал доминиканец. Бидејќи бил многу талентиран, поглаварите го испратиле кај учителот Алберт Велики. Тома станал врвен учител, напишал многу теолошки дела и станал еден од најголемите теолози во црквата. Умрел во 1274 година, во Фоса Нуова, покрај Рим. На свети Тома му се молат студентите. ###

Остани поврзан