• недела, 17 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
1 јуни 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 мај. Денеска е свештеномаченик Патрикиј. Свети Патрикиј беше епископ на Бруса. Тој заедно со тројца презвитери -Акакиј, Менандар и Полиен, пострада за христијанската вера за време на владеењето на римскиот цар Јулијан Отстапник, кој имаше намера да го поврати лажниот сјај на паганските култови. Сите овие беа доведени пред врела вода и царскиот намесник од нив бараше јавно да се откажат од Христа. Но, откако цврсто ја исповедаа верата во едниот Бог, на сите им беа отсечени главите. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Јустин. Бил роден во вториот век, во Самарија. Ја проучувал филозофијата. Одлучил да стане христијанин. Како филозоф патувал и го ширел Христовото учење. Во своите записи му се обраќал на царот Марко Аурелиј, кој бил филозоф, и му докажувал дека христијанската вера е единствената вистинска филозофија. Поради тоа, бил изведен пред царскиот суд. Бил осуден на смрт. Свети Јустин и неговите ученици му се молеле на Господ и неговиот син, Исус Христос. Поради тоа, им биле отсечени главите. Свети Јустин бил битен сведок во најраното христијанско време.

Остани поврзан