Од верските календари
- 6 ноември 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 октомври. Денеска е Св. маченик Арета.
6 ноември 2020 (МИА)
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 октомври.
Денеска е Св. маченик Арета.
Света Арета беше управник на градот Негран, Јужна Арабија. Во негово време со таа земја владееше некој евреин, кој сакаше да ги истреби христијаните од својата земја. Тој го опколи Негран и некое време безуспешно се обидуваше да го освои, а потоа им вети на граѓаните дека ќе го остави градот ако му ги отворат капиите за да го собере данокот. Христијаните поверуваа и го пуштија во градот. Тогаш Данаан (така му беше името) го повика Арета, свештениците и првенците кај себе и ги погуби. Потоа, неговата војска го испокла народот. Света Арета, заедно со околу 4000 христијани, пострада во шестиот век.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Леонард.
Роден е на почетокот на шестиот век во богато семејство, за време на преселувањето и покрстувањето на европските народи. Неговото семејство било во добри односи со франевачкиот крал Клодвиг, кој му бил кум на крштевката. Иако бил богат, живеел скромно и им помагал на сиромашните. Од кралот Клодвиг добил овластување да ги ослободува затворениците. При крајот од животот се повлекол во осаменост и во таков аскетски живот, умрел. Му се молат воените заробеници за ослободување од непријателот.
###