• вторник, 12 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
12 мај 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 април. Денеска е Св. девет маченици во Кизик. Градот Кизик се наоѓал во Мала Азија, близу до Троада, која била премин од Азија во Европа. Во овој град христијанството го проповедаше уште апостол Павле, но тука се до крајот на третиот век заради гонењата христијанството главно се пазеше во тајност. Луѓето или бегаа по другите места, по планините и пустите места, криејќи се од прогоните, или ја одржуваа светлината на вистинската вера во тајност. Но, имаше и такви кои, како светителите што црквата ги слави денес, се осмелија отворено да го проповедаат Христос во градот. Тоа се случуваше во времето на император Диоклецијан. Заради таквата нивна смелост Теогониј, Руф, Антипатар, Теостих, Артем Магниј, Теодот, Тавмазиј и Филимон беа обезглавени со меч. Во времето на цар Константин моштите им беа најдени и сместени во црквата што беше изградена во нивен спомен. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Нереј, Ахил и Панкрациј. Овие светци, за време на Диоклецијановите прогонства, во 304 година биле измачувани. Нереј, Ахил и Панкрациј биле војници кои од прогонствата преминале на христијанството. Откако Константин станал римски цар, со Миланскиот едикт во 313 година на црквата и дал потполна слобода и можност да го шири христовото учење. ###

Остани поврзан