• петок, 20 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
31 мај 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 мај. Денеска е Св. Теодот Анкирски. Свети Теодор живееше во времето на римскиот цар Диоклецијан, во градот Анкира. Таму држеше меана, што ја користеше за да им помага на христијаните, што се криеја во околните планини и пусти места. Во една прилика кога беше излезен до едно езеро во близина на градот, со цел да ги прибере телата на седум маченички - Тегуса, Александра, Клаудија, Фаина, Ефрасија, Матрона и Јулија, и чесно да ги погребе, беше предаден од еден свој пријател како христијанин (во тоа време хрстијаните беа гонети и погубувани само поради името христијани). Свети Теодор пострада маченички од рацете на џелатот во 303 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Поход на Благословена девица Марија Елизабета. Во евангелието по Лука пишува: "Марија отишла во градот на Јуда. Влегла во куќата на Захариј и ја поздравила Елизабета. Кога го слушнала поздравот од Марија, во нејзината утроба заиграло дете. Марија и рекла: "Ти си најблагословена меѓу жените. Благословен е и плодот во утробата твоја!..." Пораката е следна: Уште пред Исус да каже дека најголемата заповед е заповедта на љубовта кон Господ, Благословена девица Марија не мисли само на себе, туку и на другите. На тој пат ја водат повеќе мотиви. Размислувала за тоа како нејзината посета ќе ја израдува нејзината роднина Елизабета, на која можела да и помогне и со која можела да ја подели радоста на нејзиното мајчинство, бидејќи требало да се роди Иван Крстител.

Остани поврзан