• четврток, 19 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
4 мај 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 април. Денеска е Св. свештеномаченик Јануариј и други. Историската сцена на која се појавува овој свештеник и маченик е Римската империја и времето на владеењето на Диоклецијан. Во тоа вре¬ме Јануариј бил епископ во Италија, во Кампања. Јануариј бил изведен на суд заедно со некои други христијани од локалниот управник Тимотеј, а потоа испратен во град Путеол. Таму христијаните требало да бидат предадени на ѕверовите, за развеселување на локалната градска толпа. Но, како и во времето на Даниил, наместо храна, гладните ѕверки во овој човек видоа светилник на светот, па дојдоа до него и се умилкуваа. Поразен од ова, управникот ги изведе Јануариј и останатите христијани надвор од ѕидините на Путеол и ги обезглави. Моштите на овој свет епископ беа подоцна пренесени во Неапол. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Флоријан. Живеел во третиот век. Бил воспитан во христијански дух. Му се посветил на војничкиот сталеж, а подоцна се повлекол во граѓански живот и станал канцелар на римскиот заштитник. Како војник и како граѓански службеник се одликувал со добрина кон сите луѓе. За време на владеењето на царот Диоклецијан бил измачуван. ###

Остани поврзан