• сабота, 09 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
22 јули 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 јули. Денеска е Св. свешеномаченик Панкратиј. Панкратиј живееше во времето кога Исус Христос проповедаше во Палестина. Се роди во Антиохија. Кога неговите родители слушнаа за Галилејскиот пророк се упатија во Палестина заедно со малечкиот Панкратиј. Ја почувствуваа силата на Христовите зборови, што ги слушаа лично од устата на Спасителот, и целиот дом го прими светото крштение. Подоцна апостолите петар и Павле го одредија Панкратиј за епископ на сицилискиот град Тавроменија, каде што со голема сила и чуда го проповедаше распнатиот и воскреснат Христос. За него и пострада маченички. Беше убиен со камења од јазичниците. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Марија Магдалена. Таа присуствувала на распнувањето на Исус Христос на крст, а следното утро го видела кога воскреснувал. Сликарите ја сликаат како со солзи му ги мие нозете на Исус, бидејќи била грешник која му се покорила на Господ. Како заштитничка света Марија Магдалена ја слават жените покорнички. ###

Остани поврзан