• петок, 20 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
9 ноември 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 октомври. Денеска е Св. маченик Нестор. Ова момче живееше во Солун во времето на страдањата на свети Димитриј. Од него и се научи на Христовата вера. Во тоа време во Солун имаше некој гладијатор Лиј, миленик на цезарот Максимијан, кој секој ден повикуваше некого на мегдан и откако ќе го победеше во борење, го фрлаше да се надене на исправени копја. Сето тоа ги веселеше грубите римски нарави. Не можејќи да го гледа тоа повеќе, младиот Нестор го предизвика Лиј и, откако јавно го повика на помош Богот на Димитриј, го победи. Лиј заврши врз истите копја на кои секојдневно наденуваше по некого. Цезарот многу се разгневи и нареди на Нестор да му ја отсечат главата, а Димитриј да го избодат со копја. Свети Нестор пострада, заедно со свети Димитриј, во 306 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Иван Латерански. Овој ден е посветен на Црквата Свети Иван Латерански во Рим, која ја изградил царот Константин, откако им дал слобода на христијаните. Христијаните во тоа време немале цркви и молитви ги одржувале во приватни куќи и катакомби. Како прва христијанска црква, наречена е "Мајка на сите цркви во светот". Славењето на богословот на таа црква ги потикнува луѓето да ги чуваат душите од грев, бидејќи душите се цркви во кои живее Господ. ###

Остани поврзан