Од верските календари
- 4 октомври 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 септември. Денеска е Св. апостол Кодрат.
4 октомври 2022 (МИА)
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 септември.
Денеска е Св. апостол Кодрат.
Тој е еден од седумдесетмината апостоли. Бил епископ прво во Атина, а потоа во градот Магнезија. Кондрат бил добро запознаен со светската мудрост и исполнет со благодатта на светскиот дух. Пострадал од незнабошците во Магнезија. Прво бил тепан со камења, а потоа оставен во затвор да умре од глад. Пострада околу 130 година по Христа.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Фрањо Асишки.
Роден е во почетокот на 1182 година во Асизи, во Италија во семејство на трговец, кој поради тоа што ја носел стоката од Франција на својот син му го дал името Франческо (на овие простори прифатено како Фрањо, кое значи "мал Французин". Поради добрата имотна состојба во која се наоѓал бил наречен "крал на гозбите и забавите". Еден ден кога влегол во една црква Христос од крстот му се обратил, кажувајќи му да оди и да ја поправи црквата која почнала да се урива. Всушност, припадниците на клерот биле многу богати и себични, додека сиромашните луѓе гладувале. Фрањо го соблекол своето одело и ставил на себе обична вреќа која ја врзал со јаже. Отишол кај папата во Рим и му го предал својот имот, како што правеле голем број бискупи и свештеници. Потоа, имотот им бил даден на сиромашните луѓе.
###