• среда, 27 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
5 декември 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 ноември. Денеска е Св. маченица Кикилија. Свети Цецилија Римјанка се роди во богато и угледно семејство. Рано се одлучи на девствен живот. Подоцна, родителите ја омажија за некое незнабожечко момче, Валеријан. Уште првата ноќ, Цецилија го посоветува да се крсти и во бракот да продолжат да живеат девствено. Тој се крсти, а подоцна кон Христос го привлече и својот брат Тивуртиј. Не помина многу време, а двајцата браќа беа погубени од римската власт заради нивната вера. А света Цецилија не престануваше да ги придобива незнабошците за верата во Христа, па најпосле и таа беше погубена, во 230 година. Моштите и се наоѓаат во Рим, во црквата што го носи нејзиното име. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Саба. Покрај свети Пахомија и свети Базилија, тој е еден од најголемите основачи и двигатели на монашкиот живот на Исток. Роден е во Кападокија, во Мала Азија. Евангелските зборови: "Ако сакаш да бидеш совршен, продади се што имаш и на сиромашните да им дадеш пари, па ќе бидеш блажен на небото!" - толку силно делувале на него, така што го прифатил монашкиот живот. Свети Саба умрел во длабока старост, на 92 години. Како светец се прославил и во источната и во западната црква. ###

Остани поврзан