• среда, 25 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
31 август 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 август. Потекнуваше од околината на Софија. Се подвизуваше на планината Рила, живеејќи во едно шупливо дрво, далеку од очите на светот. А кога некои овчари по Божја промисла го пронајдоа, тој му стана светилник на светот па многумина доаѓаа кај него за секаква помош. Забележено е дека и бугарскиот цар Петар одел кај него да се советува. Се упокои мирно на 18 август 946 година. Неговите мошти беа пренесени прво во Софија, па во Унгарија, па во Трново и најпосле во Рилскиот манастир, каде што се наоѓаат и денес. Денеска е Св. маченици Флор и Лавр. Флор и Лавр беа браќа, христијани, по занимање каменоресци. Живееја во вториот век во Илирија. Во една прилика беа повикани да изградат незнабожечки храм. Но, кога го завршија храмот, на врвот поставија крст и на сеноќно бдение го осветија според христијанскиот обичај. Кога Илирискиот намесник слушна за тоа погуби многумина од христијаните што учествуваа ва осветувањето, а браќата Флор и Лавр ги фрли во еден бунар и ги затрупа со песок. Подоцна моштите им беа пронајдени и пренесени во Цариград. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Рајмунд Нонат. Бил роден во 1200 година во Портелу во близина на Барселона. На 24-годишна возраст стапил во редот на мерцедиевците кои ги ослободувале робовите. Така и Рајмунд му се посветил на ослободувањето на шпанските робови заробени од страна на Сарацените и Маурите. Подоцна заминал во Алжир каде работел. Поради активностите како христијанин бил затворен осум месеци. Неговата стрпливост и истрајност му овозможиле храбро да ги поднесе мачеништвата. Свети Рајмунд умрел во 1240 година. ###

Остани поврзан