• среда, 25 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
9 мај 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 април. Денеска е Св. свештеномаченик Василиј Амасиски. Василиј, епископот на град Амасија, пострада како жртва на повампиреното паганство заради личните страсти на Ликиниј, кој царуваше со поделената Римска империја во почетокот на четвртиот век заедно со светиот цар Константин Велики. Ликиниј, кој лицемерно дури и ја прими христијанската вера, беше оженет за сестрата на Константин. Но, се запали со страст кон некоја прислужничка на дворот, по име Глафира, христијанка, која мораше да избега од главниот град за да се спаси од страста на царот. Отиде во Амасија, а таму ја прибра локалниот епископ Василиј. Во тоа време во Амасија се градеше првата црква и во таа прилика Глафира и напиша писмо на својата заштитничка, царицата Констанца, молејќи ја да ја помогне изградбата. Оваа одговори со писмо, кое падна во рацете на мажот и Ликиниј. Кога Ликиниј дозна за местото каде се беше прибрала Глафира, по логиката на својата паганска природа се разгневи и испрати луѓе да ја доведат во престолнината, заедно со епископот. Во меѓувреме Глафира се упокои, а во Никомидија беше доведен само Василиј. Царот го изведе на суд зашто ја прикривал Глафира и заради својот лажен мотив го осуди свети Василиј на маки, а потоа и на смрт. Тој беше обезглавен и фрлен во морето. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Кристофор. Живеел во третиот век. Поради верувањето во Христос, за време на прогонствата на Дечиј, бил мачен и убиен. Според средновековниот писател, Јакобс де Вораџине, Кристофор бил јунак кој сакал да му служи на најмоќниот господар. Бил во служба на кралот, потоа на царот, а на крајот и на ѓаволот. Но, кога во текот на едно патување забележал дека ѓаволот се плаши од свети Христос, стапил во служба на Христос. На свети Кристофор му се молат возачите за да ги чува од несреќа. ###

Остани поврзан