• вторник, 12 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
4 февруари 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 јануари. Денеска е Св. апостол Тимотеј. Тимотеј бил роден во град Листра, Мала Азија. Таму овој дијамант го нашол апостол Павле, на своето прво патување. Подоцна Тимотеј ќе му стане постојан сопатник на апостолот и негова тврда поткрепа. Свети Тимотеј е првиот ефески епископ. Во Ефес го заврши и својот живот пострада маченички за Христа во 97 година. Во четвртиот век моштите му беа пренесени во Цариград и положени во црквата Свети Апостоли. Во средните векови крстоносците ги однесоа во Италија. За него се зборува во Делата апостолски, а во новозаветниот канон има и две посланија од апостол Павле упатени до Тимотеј. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Иван де Брито. Бил роден во 1647 година, во Лисабон. Во младоста се одлучил за духовниот сталеж. Имал желба да работи во мисијата во Индија. Како мисионер имал многу напорен живот. Патувал пеш, се хранел оскудно, спиел малку и тоа под отворено небо. Бил изложен на многу опасности од невреме и од диви животни. Господ го следел својот слуга Иван со чудесни знаци. Иван де Брито поради проповедувањата претрпел мнигу неволи: бил камшкуван, окован во ланци, потоа фрлен на остри камења и на крајот убиен во 1694 година поради големата вера во Христос. ###

Остани поврзан