• четврток, 26 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
28 март 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 март. Денеска е Преподобен маченик Агапиј. Свети Агапиј беше виден граѓанин на палестинскиот град Кесарија во времето кога во овој град христијаните ги гонеше некој си управник Урбан. Овој постојано ги изнесуваше христијаните пред суд, ги мачеше и ги убиваше. Згрозени од таквата глетка, неколку локални момчиња: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александовци и двајца Дионисиевци, самите си ги врзаа рацете и излегоа пред Урбан како христијани. Свети Агапиј, поттикнат од верата на овие момчиња, и самиот застана со нив и заедно со нив беше погубен. Ова се случи во 303 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Сиксто Трети. Бил Римјанин, свештеник, а по смртта на папата Целестин Први во 432 година станал негов наследник. Тоа се случило по Ефескиот собор кој ги осудил двете кривоверства: пелагијанизмот и несторијанизмот. Сиксто настојувал оние кои се во заблуда да ги врати во вистинската вера. Му се припишува и изградбата на големите Римски цркви како што се базиликата света Сабина, свети Лувр, но најголемото негово дело е црквата света Марија Велика. Во нејзините мозаици сведочат за случувањата на соборот во Ефес во 431 година, каде е осудена Несториевата наука и е дефинирано дека Марија е Богородица. ###

Остани поврзан