• сабота, 23 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
3 јули 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јуни. Денеска е Св. Наум Охридски. Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник. Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по јулијанскиот календар). Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото, на денешен ден. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Тома. Тома бил познат меѓу апостолите по своето неверување кое исчезнало кога му се прикажал воскреснатиот Исус. Нема податоци за неговиот живот, освен тоа што е напишано во Евангелието. Според некои стари записи, тој го ширел евангелието меѓу Индијците. ###

Остани поврзан