• сабота, 23 ноември 2024

Одбојкарското ЕП во Скопје привлече над 20.000 гледачи

Одбојкарското ЕП во Скопје привлече над 20.000 гледачи

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) – Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) денеска објави дека натпреварите на Европското првенство во групата Ц кои изминатите седум денови се одиграа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје привлекоа повеќе од 20.000 гледачи.

Изразувајќи „неизмерна благодарност“ за поддршката која македонските одбојкари ја добија од трибините, ОФМ посочи дека навивачите биле најдобрата инспирација за остварениот успех на црвено – жолтите и пласманот во нокаут фазата.

- Им дадовте инспирација на нашите момци да напредуваат во осминафиналето, а тие ви возвратија со максимална пожртвуваност и две победи, соопшти ОФМ.

Македонските одбојкари денеска заминаа за Бари каде в сабота од 18 часот ќе играат против Италија во осминафиналето. ег/ар

ФОТО: МИА

Остани поврзан